• вторник, 24 декември 2024

Казни за 242 возачи на мотоцикли

Казни за 242 возачи на мотоцикли
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Казнети се 242 возачи во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во периодот од 26.09.2022 до 02.10.2022 година. Како што соопштија денеска од МВР, од нив, 152 не користеле заштитна кацига за време на возење, 43 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/вг/

Остани поврзан