• среда, 25 декември 2024

Казни за 176 возачи на територија на цела држава

Казни за 176 возачи на територија на цела држава

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Санкционирани се 176 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР.  

Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, се наведува во соопштението, 84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан