• среда, 27 ноември 2024

Казни за 127 возачи на територија на СВР Битола

Казни за 127 возачи на територија на СВР Битола

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - Вкупно 127 возачи се казнети денеска, од 11:00 до 17:00 часот, на територија на СВР Битола во засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Како што информира МВР, од нив 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

- Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан