• среда, 27 ноември 2024

Казни за 113 возачи на мотоцикли

Казни за 113 возачи на мотоцикли
Скопје, 10 септември 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, од 18.00 до 00.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи. Како што информира МВР, од нив 62 не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР. дма/  

Остани поврзан