Казни за 24 возачи кои возеле над 50 километри на час над дозволеното на подрачјето на СВР Тетово
- При денешната засилена акциска конторола за откривање на преброз возење во Тетовско полицијата изрекла 39 казни, од кои за 24 лица кои се движеле со над 50 километри на час.
![Казни за 24 возачи кои возеле над 50 километри на час над дозволеното на подрачјето на СВР Тетово](https://mia.mk/index.php/images/20221108150334_big_730x400_65.webp )
Тетово, 25 август 2021 (МИА) – При денешната засилена акциска конторола за откривање на преброз возење во Тетовско полицијата изрекла 39 казни, од кои за 24 лица кои се движеле со над 50 километри на час.
- Тројца од вкупно 39 казнети возеле со дури над 70 километри на час над дозволеното. Уште еднаш апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат сите заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата во Полог и пошироко, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. ас/цр