• понеделник, 23 декември 2024

Казнети 72 возачи на територијата на ОВР Прилеп     

Казнети 72 возачи на територијата на ОВР Прилеп     

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) - На територија на ОВР Прилеп  денеска од 10.00 до 14.00 часот се казнети 72 возачи во спроведената акциска контрола за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

Како што информира МВР, 34 возачи биле без возачка дозвола, пет под дејство на алкохол и исто толку возачи кои управуваат мотоцикли без заштитен шлем.

-Казнети се двајца возачи кои управуваат моторни возила со несоодветна категорија дозвола, три моторни возила биле со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, четири за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) две за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, еден возач кој врши јавен превоз на патници, а притоа не поседува валидно лекарско уверение. Изготвено е и едно барање за поведување прекршочна постапка на правни и одговорни лица. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.

МВР наведува дека собраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да придонесат за побезбедни патишта. мд/хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан