• вторник, 24 декември 2024

Казнети 62 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Казнети 62 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Казнети се 62 возачи во текот на вчерашниот ден, од 10:00 до 14:00 часот, на територија на цела држава во акцијата на МВР за санкционирање на возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, продолжуваат засилените акциски контроли.

-  Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан