• среда, 27 ноември 2024

Казнети 218 возачи на мотоцикли

Казнети 218 возачи на мотоцикли
Скопје, 5 јули 2021 (МИА) - Санкционирани се 218 возачи на мотоцикли во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија во рамки на спроведената  зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. - Од нив, 59 возеле без возачка дозвола, 127 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштија денеска од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/са/

Остани поврзан