• среда, 20 ноември 2024

Казнети 18 возачи на мотоцикли во Битола

Казнети 18 возачи на мотоцикли во Битола

Скопје, 29 април 2023 (МИА) - Во акциска контрола на територијата на Битола што полицијата ја спровела денеска од 12 до 18 часот биле казнети 18 возачи на мотоцикл.

- Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четворица  возеле без возачка дозвола, еден нерегистриран.... За време на контролата санкционирани се и други видови сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека контролите ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. хс/сп/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан