• среда, 27 ноември 2024

Казнети 134 возачи за пребрзо возење на подрачјето на СВР Тетово

Казнети 134 возачи за пребрзо возење на подрачјето на СВР Тетово

Скопје, 23 април 2023 (МИА) -Вкупно 134 возачи се казнети денеска во спроведена акциска контрола на територија на СВР Тетово. 

Како што соопшти МВР, регистрирано е 81 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-42 и ГВ-39).

Осум од нив (ТЕ-5 и ГВ-3) биле за повеќе од 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани биле и 53 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ), како и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

- Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан