• недела, 24 ноември 2024

Казнети 134 возачи за непрописно престигнување

Казнети 134 возачи за непрописно престигнување

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Вкупно 134 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територија на цела држава.

Како што информира МВР, 45 возачи се казнети на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Битола, 22 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Тетово... За време на контролата биле санкционирани и 177 останати прекршоци.

- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР. мд/дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан