• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Казнети 12 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

Казнети 12 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

Тетово, 18 јуни 2023 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (17/18 јуни) од 23 до 5 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5).

-Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и ќе се соочат со законски предвидените глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, биле санкционирани, исто така, и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2), соопштија утрово од МВР.

СВР Тетово апелира до возачите да не возат доколку консумирале алкохол, затоа што алкохолот ја намалува нивната способност за нормално и безбедно управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. дма/

Фото: МИА архива

 


 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан