• понеделник, 23 декември 2024

Казахстан ги засилува безбедносните мерки поради „ескалацијата во Украина“

Казахстан ги засилува безбедносните мерки поради „ескалацијата во Украина“

Астана, 22 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Казахстан, кој е сојузник на Русија, денеска нареди да се преземат „итни мерки“ за заштита на цивилната и воената инфраструктура на неговата земја поради „ескалацијата во Украина“.

„Шефот на државата Касам-Жомарт Токаев му наложи на премиерот, претседателската администрација, шефовите на сите безбедносни сили (армијата, специјалните служби, полицијата, обвинителството) и локалните лидери да преземат итни мерки за заштита на главните цивилни и воени локации. Мерките се поврзани со ескалацијата на ситуацијата околу Украина“, објави на Фејсбук портпаролот на претседателот, Берик Вали.

Портпаролот потсети дека Казахстан редовно ги повикува Москва и Киев да преговараат за крај на војната „меѓу два словенски народи“.

Одлуката на претседателот Токаев доаѓа откако руските сили истрелаа кон Украина ракета од најновата генерација креирана да носи нуклеарна боева глава. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан