• вторник, 17 декември 2024

Казахстанскиот претседател повика на предвремени избори

Казахстанскиот претседател повика на предвремени избори
Москва, 1 септември 2022 година (МИА) - Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев денеска повика вонредни претседателски избори да се одржат наесен и мандатот на претседателот да се ограничи на еден седумгодишен мандат наместо два петгодишни мандати. Тој не прецизираше конкретен датум за избори, но рече дека ќе се кандидира за реизбор. Редовните избори би се одржале во 2024 година. Токаев, кој ја презеде функцијата во 2019 година, повика на серија политички и економски реформи откако избувнаа насилните протести во јануари, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе. Протестите беа поттикнати од наглото поскапување на горивата, но го одразија и големото незадоволство од политиката во земјата. ссм/

Остани поврзан