• вторник, 17 декември 2024

Каевски: Не се во прашање меѓуетнички тензии, туку политичко крваво сценарио, граѓаните да не подлегнуваат

Каевски: Не се во прашање меѓуетнички тензии, туку политичко крваво сценарио, граѓаните да не подлегнуваат
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Мицкоски не е никаква жртва, туку режисер на крваво сценарио. Крваво сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, крваво сценарио кое не успеа, рече на вечерашната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски. Тој додаде дека Мицкоски не бил вечерва мета, туку, како што вели, „ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните“. - Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција. Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока. Погледнете за кого станува збор, веќе МВР го приведе ова лице. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ - Скопје, наведува Каевски. Тој посочи оти станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијанса за Албанците во Чаир и „главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска“. - ВМРО ДПМНЕ не се менува, Микоски не се менува. Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое вечерва не успеа. Воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Е тоа нема да го дозволиме. Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано. Граѓаните никако да не подлегнувааат, апелираме на смиреност, а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот. Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени, рече Каевски. мс/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=KOhQoPTgqbI

Остани поврзан