• понеделник, 16 декември 2024

Каевски: Големи се несогласувањата во ДПМНЕ, се што прави Мицкоски е да ја сочува својата фотелја во белата палата

Каевски: Големи се несогласувањата во ДПМНЕ, се што прави Мицкоски е да ја сочува својата фотелја во белата палата

19 септември 2023 

Изјавата на Мицкоски го потврдува она што го говоревме во изминатиот период, дека има големи несогласувања во ДПМНЕ а се што прави Мицкоски е да ја сочува својата фотелја во белата палата, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.

- Се што прави Мицкоски е за заштита на неговата фотелја во белиот дворец. И секогаш кога имаат внатрешни несогласувања некој друг им е крив. Граѓаните паметат дека слични меѓусебни обвинувања кога се фатија за рацете во медот. И тогаш пак за СДСМ се фатија. Сега повторно имаат некакви несогласувања.  Постојат структури во ДПМНЕ кои што велат дека оваа изолација којашто ја протежира Мицкоски не е добра за земјата. Во ДПМНЕ стана таква пракса на поделби. Да не го мешаат СДСМ во нивните внатрепартиски несогласувања, Мицковски да не остави надвор од неа и сам да ја реши. Одвлекување на вниманието од нивните поделби, кавги и несогласувања не поминува, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски.

 

Скопје, 19 септември 2023

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан