• петок, 08 ноември 2024

Каевски: Антикорупциска да постапи по сомнителните јавни набавки во општините со градоначалници од ДПМНЕ

Каевски: Антикорупциска да постапи по сомнителните јавни набавки во општините со градоначалници од ДПМНЕ

16 јануари 2024 

Државната антикорупциска комисија треба да постапи во однос на сомнителните јавни набавки со нереални, астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ.

Аферата на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти до крај.

Ова се договорите за спорните јавни набавки по астрономски суми, неколкупати над реалните цени.

Опшина Битола потрошила речиси 50.000 евра а општина Велес околу 40.000 евра за јавна набавка на машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали.

Многу други општини како Илинден на пример, но и Центар и други набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола.

Овие факти се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните и за корупција.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Очекуваме антикорупцската комисија да преземе мерки.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.

 

Изјава на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан