Кадиров: Уште 3.000 борци од Чеченија подготвени да заминат во Украина
- Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.
Грозни, 28 ноември 2023 (МИА) - Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.
„Тие (борците) ја имаат најдобрата опрема и модерно оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и високо мотивирани да постигнат резултати“, напиша Кадиров на Телеграм.
За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“.
Тој во мај изјави дека Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на руско-украинската војна. ссм/
фото: архива