• среда, 21 август 2024

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од партнерот

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од партнерот

Кавадарци, 20 август 2024 (МИА) – Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од партнерот, информираа денеска од СВР Велес.

- Вчера во 14.00 во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со кавадарчанецот Н.Н.(51), постапувајќи по претходна пријава од неговата 45-годишна партнерка од овој град, дека, по кратка расправија, во неговиот дом физички ја нападнал. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека вчера во 08.55 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Неготино, во близина на место наречено „Острово“, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(61) од Неготино, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино. свд/ир/


Фото: МИА архива

Остани поврзан