Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната крај реката Луда Мара
- Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната покрај кејот на реката Луда Мара, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
![Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната крај реката Луда Мара](https://mia.mk/index.php/images/20221106140904_big_730x400_75.webp )
Кавадарци, 19 март 2021 (МИА) - Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната покрај кејот на реката Луда Мара, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Триесет и осумгодишниот кавадарчанец пронаоѓањето на неексплодираната граната од Прва светска војна, го пријавил во текот на вчерашниот ден.
Како што појасни Додевски, пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување - Кавадарци, утврдил дека се работи за неексплодирана артилериска граната (калибар 75 милиметри) од Првата светска војна и таа била подигната за понатамошна постапка. свд/вј/