Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
- Синоќа во 19:20 часот во ОВР - Кавадарци бил извршен службен разговор со Ѓ.К., 46-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка, пукал во куче - домашен миленик.
Кавадарци, 18 септември 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил пријавен во полиција дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 19:20 часот во ОВР - Кавадарци е извршен службен разговор со Ѓ.К., 46-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка, пукал во куче - домашен миленик на И.М., на возраст од 62 години од Кавадарци, појаснија од СВР - Велес.
Пушката била одземена и по документирање на настанот, како што додадоа од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/бд/
Фото: МИА архива