• понеделник, 23 декември 2024

Кавадарчанец лишен од слобода по пријава дека допирал млада сограѓанка

Кавадарчанец лишен од слобода по пријава дека допирал млада сограѓанка

Кавадарци, 6 јули 2024 (МИА) - Шеесет и седумгодишен кавадарчанец бил лишен од слобода по пријава дека допирал млада сограѓанка, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 10.35 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода М.Ј., на возраст од 67 години, по претходна пријава дека во станбена зграда во градот, допирал по телото 20-годишна кавадарчанка, се вели во соопштението на СВР - Велес.

Известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/бт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан