• петок, 22 ноември 2024

Кавадарци ќе им помогне на двете семејства кои претрпеа штети од пожари во Возарци 

Кавадарци ќе им помогне на двете семејства кои претрпеа штети од пожари во Возарци 
Кавадарци, 12 јануари 2022 (МИА) - Општина Кавадарци, градоначалникот и бизнис-секторот ќе им помогнат на двете семејства кои претрпеа штети од пожари во кавадаречкото село Возарци. За ова денеска информираше заменик-градоначалникот Тони Нешковски, кој заедно со командирот на кавадаречката Територијална противпожарна единица, Александар Чадамов, ги посети домаќинствата кои беа зафатени од пожари оваа недела. Нешковски изрази жалење поради двата настани во Возарци. Тој нагласи дека пожарникарите брзо интервенирале на лице место, а благодарност за нивната брза акција беше изразена и од двете семејства. - Општината има формирано комисија за проценка на штети. Комисијата ќе излезе на терен и ќе направи увид, со цел да се помогне, рече Нешковски. Чадамов апелираше до кавадарчани да се внимава, особено во зимскиот период. Да се внимава на грејните тела, електричното оптеретување, особено на продолжните кабли, затоа што во поголем дел, како што рече, причините за пожари се поради невнимателност во тој дел. Повика, исто така, на редовно чистење на димните оџаци.  свд/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан