Кавадарци се збратими со Тиват
- Општина Кавадарци и црногорската општина Тиват се збратимија. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и градоначалникот на Тиват, Жељко Комненович попладнево го потпишаа меморандумот за збратимување.
Кавадарци, 7 септември 2025 (МИА) - Општина Кавадарци и црногорската општина Тиват се збратимија. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и градоначалникот на Тиват, Жељко Комненович попладнево го потпишаа меморандумот за збратимување.
- Со овој меморандум двете страни се обврзуваат да ја зацврстат соработката меѓу локалните самоуправи, туризмот, младите, спортот, културата, земјоделството и економските односи, во согласност со законските надлежности и почитување на законите на двете држави, истакна Јанчев.
Задоволство од настанот изрази и гостинот од Црна Гора.
- Постојат бројни шанси за соработка и развој и се надевам дека ќе ги искористиме тие шанси, подвлече Комненович. свд/бак/
Фото: МИА