• понеделник, 23 декември 2024

Кавадарци повторно ќе го организира настанот ,,Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ" 

Кавадарци повторно ќе го организира настанот ,,Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ

Кавадарци, 31 декември 2023 (МИА) - Кавадарци повторно ќе го организира настанот ,,Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ", информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Со задоволство најавуваме дека трета година по ред, во пресрет на Божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании, ќе организира заеднички ручек на градскиот плоштад на шести јануари од 10 до 14 часот, со кој сакаме на сите граѓани да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, веруваме дека настанот ќе стане традиционален. Идејата е на еден од најдобрите готвачи, шеф Горан Филипов, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија, ќе се потрудат да ја реализираат идејата и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму изразија благодарност до компаниите што го поддржуваат овој настан. свд/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан