Кавадарци обезбедува вода за пиење до куќите и викендичките крај Тиквешко Езеро
- Кавадарци обезбедува вода за пиење до куќите и викендичките крај Тиквешко Езеро, потсетија попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Кавадарци, 27 септември 2023 (МИА) - Кавадарци обезбедува вода за пиење до куќите и викендичките крај Тиквешко Езеро, потсетија попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Со оглед на тоа што од страна на Локалната самоуправа се заврши со доведувањето на санитарната вода и за вториот крак од населба Брушани, Луле, граѓаните кои имаат викендици или куќи на Тиквешко Езеро, можат од утре во просториите на ЈП „Комуналец“ Кавадарци да поднесат соодветно барање, по што и уплата за приклучок на водоводна линија, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму нагласија дека локалната самоуправа интензивно работи на многубројни проекти за подобрување на животот на жителите во руралните и урбаните средини во општината. свд/аа/
Фото : МИА