Кавадаречките каратисти од „Сансаи Метал Апостолов" со голем број медали на Меѓународниот турнир во Струга
- Кавадаречките каратисти од „Сансаи Метал Апостолов" освоија голем број медали на денешниот меѓународен турнир во Струга, 10 златни, 11 сребрени и осум бронзени медали. Со тоа клубот го освои второто место на ранг листата, информираа вечерва од клубот.

Кавадарци, 8 октомври 2023 (МИА) - Кавадаречките каратисти од „Сансаи Метал Апостолов" освоија голем број медали на денешниот меѓународен турнир во Струга, 10 златни, 11 сребрени и осум бронзени медали. Со тоа клубот го освои второто место на ранг листата, информираа вечерва од клубот.
- Станува збор за Меѓународен натпревар „Струга опен 2023 година" што се одржа во спорската сала „Тими". Учествуваа вкупно 475 натпреварувачи од четири држави, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, соопштија од клубот. свд/вг/
Фото : Фејсбук на карате клуб „Сансаи Метал Апостолов"