Кавадаречката библиотека организираше настан за своите млади читатели
- Библиотеката „Феткин“ - Кавадарци денеска организираше настан под мотото „Читањето ги остварува желбите“, на кој гости ни беа најмладите љубители на книгата - децата од градинките „Рада Поцева“, информираа попладнево од установата.
Кавадарци, 11 ноември 2025 (МИА) - Библиотеката „Феткин“ - Кавадарци денеска организираше настан под мотото „Читањето ги остварува желбите“, на кој гости ни беа најмладите љубители на книгата - децата од градинките „Рада Поцева“, информираа попладнево од установата.
- Директорот на библиотеката им раскажа на децата како функционира библиотеката, како низ светот се слави месецот на книгата и зошто читањето е толку важно уште од најмала возраст. Малите посетители имаа можност да разгледаат сликовници и книги прилагодени на нивната возраст, а им беше прочитана и една интересна сликовница. Директорот им ја прочита и новата приказна за Матеј, момче кое со силна желба успеало да ја оживее својата омилена кукла. По приказната, сите деца замислија желба - да оживее Лабубу. И навистина, нивната желба се оствари. Децата со воодушевување се гушкаа и фотографираа со Лабубу, а тој им се заблагодари со мало изненадување, додадоа од Библиотеката.

Оттаму додадоа дека „Феткин“ уште еднаш го покажа своето посветено делување во поттикнувањето на љубовта кон книгата и читањето уште од најмала возраст. свд/бд/
Фото: „Феткин“