• вторник, 24 декември 2024

Кабаст отпад на повеќе локации во Куманово, „Чистота и Зеленило“ ги повика граѓаните да се обратат до претпријатието

Кабаст отпад на повеќе локации во Куманово, „Чистота и Зеленило“ ги повика граѓаните да се обратат до претпријатието

Куманово, 13 јуни 2024 (МИА) - Несовесни граѓани од Куманово исфрлаат фотелји, кревети, гарнитури на несоодветни локации, од ЈП „Чистота и Зеленило“ денеска повикаа граѓаните да се обратат кај нив за изнесување на кабаст отпад. Од претпријатието реагираат дека услугата се наплаќа, а ваквото одлагање на сметот само прави дополнителни трошоци за ангжаман на работна сила и при изнесувањето можат да се оштетат работните машини.

- Продолжува оставањето на кабаст отпад на несоодветни локации. Дел од нив беа оставени и во контејнери. Нашите екипи ги изнесоа. Меѓутоа ова не е соодветен начин да се депонира вакво вид отпад, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.

Тој апелираше граѓаните да не депонираат кабаст отпад на ваков начин, поради што дополнително се отежнува работата на претпријатието. Во текот на годината се организираат неколку акции за бесплатно изнесување на кабаст отпад. Граѓаните иако навреме се информирани не покажуваат значителен интерес за акциите.

- Изнесувањето на кабаст отпад може да се спроведе секогаш кога граѓаните имаат потреба и таа услуга ја има во ценовникот. На повик, доаѓа возило на јавното претпријатие се изнесува отпадот на депонијата. За овие услуги превоз и депонирање се наплаќа 2.600 денари. Има уште опција самите граѓани со нивно возило да го донесат отпадот на „Краста“ каде се мери и за услугата се наплаќа 3,6 денари плус пет денари ДДВ, додава Стојановски.

Често се случува ваков вид отпад да заврши и во речното корито. Кумановци, граѓански организации реагираат на ваквата појава која ја загадува животната средина и бараат од инспекциските служби соодветни санцкии. ам/аа/

Фото: ЈП „Чистота и Зеленило“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан