• понеделник, 23 декември 2024

И Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија

И Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија

Осло, 29 септември 2023 (МИА) – Во Норвешка на 3 октомври стапува во сила забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

- Важно е санкциите да бидат ефективни за да се спречат колку што е можно повеќе приходите што и се потребни на руската држава за финансирање на војната, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд.

Возилата во сопственост на норвешки државјани или граѓани на Европската економска зона (ЕЕА) со постојан престој во Русија или членови на нивните семејства ќе бидат ослободени од забраната.

Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска веќе воведоа слични забрани по директивата на Европската комисија. ми/

фото: ЕПА

 
 

Остани поврзан