• вторник, 24 декември 2024

И Мишел во самоизолација по средбата со Макрон

И Мишел во самоизолација по средбата со Макрон
Брисел, 17 декември 2020 (МИА) - Претседателот на Европски совет (ЕС) Шарл Мишел ќе биде во самоизолација поради превентива, изјави портпаролот на Европска Унија, Тој  имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кој е позитивен на Ковид-19. Портпаролот на ЕУ наведе дека Мишел редовно се тестира, а на тестот од вторникот бил негативен. Претходно и шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе биде во самоизолација до 24 декември поради средбата со Макрон. Претходно,Елисејската палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус. - Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми, се наведува во соопштението од Елисејска палата. Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена. ми/

Остани поврзан