• среда, 27 ноември 2024

И Макрон и Борел побараа ослободување на рускиот опозиционер Навални

И Макрон и Борел побараа ослободување на рускиот опозиционер Навални
Париз, 2 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побара итно ослободување на рускиот опозиционер Алекссеј Навални. - Пресудата за Алексеј Навални е неприфатлива. Политичкото несогласување никогаш не е злосторство. Бараме негово итно пуштање на слобода, напиша Макрон на Твитер. На денешната пресуда на Навални реагираше и шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел, истакнувајќи дека е во спротивност со меѓународните обврски на Русија во областа на владеење на правото и фундаменталните слободи. - Во спротивност е и со предудата на Европскиот суд за човекови права, кој случајот го окарактеризира како произволен и неразумен. Барам негово моментално ослободување, напиша Борел на Твитер. Претходно и германскиот и британскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас и Доминик Раб побараа ослободување на Навални. Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати од Германија, каде се лекуваше по наводното труење со нервниот гас Новичок. Според руските власти Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата Ив Роше, поради што беа осудени на 3,5-годишни условни казни, а руската Федерална казнено-поправна служба побара казните да се преиначат во казна затвор по враќањето на Навални во Русија. ми/

Остани поврзан