• среда, 02 октомври 2024

И класичната музика е забавна, ако љубителите одлучат така

И класичната музика е забавна, ако љубителите одлучат така

Оксфорд, 31 јули 2023 (МИА) - Оркестарските изведби обично се за посвечени пригоди каде што од присутните посетители се очекува убаво да бидат облечени, во одело со пеперушка или во раскошна тоалета, се седи мирно и пристојно, а на крајот од секоја нумера се ракоплеска.

@camburnett_ best video i’ve ever taken tbh #fyp #video #truckfest #oxfordsymphony #indianajones ♬ original sound - Cam Burnett

Но, сепак, неочекувано, насобраните луѓе на неодамнешниот Фестивал на камиони во Оксфордшир се забавуваа како на рок-концерт, додека Симфонискиот оркестар на Оксфорд, Англија, свиреше класична и филмска музика. На видеата, се гледа како посетителите „лудуваат“ на воведната музика од „Индијана Џонс“ на Џон Вилијамс, или на увертирата од „Вилијам Тел“ на Џоакино Росини...

Се рабира, имаше и синхронизирана изведба на пируети во публиката, во делот со балет. Сѐ тоа, според многумина, ги прави класичните концерти доста позабавни.  си/сд/

@suehma1

 

♬ original sound - Suehma1

Фото: Тикток.

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан