• среда, 28 август 2024

И во Шпанија над милион заразени со Ковид-19

И во Шпанија над милион заразени со Ковид-19
Мадрид, 21 октомври 2020 (МИА) - Шпанија го надмина прагот од еден милион заразени со новиот коронавирус и е прва членка на Европската унија со толку голем број заразени лица. Министерството за здравство соопшти дека 16.973 лица биле заразени во последните 24 часа, што е вкупно 1.005.295 од почетокот на епидемијата. Во последните 24 часа починаа 156 лица, а од почетокот на епидемијата - 34.366 лица. Шпанија, со околу 47 милиони жители, е шеста земја во светот што го надмина прагот од еден милион заразени по САД, Индија, Бразил, Русија и Аргентина. зш/

Остани поврзан