• петок, 22 ноември 2024

И Австралија планира да им понуди засолниште на граѓаните на Хонг Конг

И Австралија планира да им понуди засолниште на граѓаните на Хонг Конг
Канбера, 3 јули 2020 (МИА) - Премиерот на Австралија, Скот Морисон изјави дека Владата размислува да им понуди засолниште на жителите на Хонг Конг, откако Кина го усвои Законот за национална безбедност за полуавтономната територија. Тој најави дека австралиската Влада набрзо ќе разгледа „слични опциите на тие што британскиот премиер им ги понуди на граѓаните на Хонг Конг“. Борис Џонсон најави дека Велика Британија ќе ги смени постоечките имиграциски правила за граѓание на Хонг Конг, со цел на трите милиони жители на Хонг Конг да им се олесни патот за добивање на британско државјанство. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Џао Лиџиан го предупреди Лондон дека ќе сноси последици „ако на граѓаните на Хонг Конг им понуди да исчезнат во Велика Британија“. ми/

Остани поврзан