• сабота, 23 ноември 2024

Ишиба официјално реизбран за премиер на Јапонија

Ишиба официјално реизбран за премиер на Јапонија

Токио, 11 ноември 2024 (МИА) - Шигеру Ишиба денеска и официјално беше реизбран за премиер на Јапонија по вториот круг гласање во Парламентот во кој неговата владејачка коалиција повеќе нема мнозинство.

Се очекуваше Ишиба да остане на функцијата, бидејќи неговата Либерално-демократска партија (ЛДП) и нејзиниот коалициски партнер Комеjто имаат најголем број места во парламентот, иако не освоија мнозинство на парламентарните избори одржани на 27 октомври. Ишиба ќе може да формира малцинска влада.

Кандидат за премиер беше и поранешниот јапонски премиер Јошихико Нода, лидер на опозициската Уставно-демократска партија. Бидејќи ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг на гласање, победникот беше решен во вториот круг. Ишиба освои 221 глас во вториот круг против Јошихико Нода, шеф на главната опозициска Уставна демократска партија на Јапонија (ЦДП), кој освои 160 гласа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан