• среда, 25 декември 2024

Итна седница на Судски совет за оставката на претседателот Георгиев и одлуката на Управен суд

Итна седница на Судски совет за оставката на претседателот Георгиев и одлуката на Управен суд

Скопје, 3 јануари 2023 (МИА) – Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска од 15 часот треба да одржи итна седница на која на дневен ред се констатирање на престанок на мандатот на претседателот Сашко Георгиев, по сопствено барање, и постапување по одлука на Управен суд за разрешувањето на поранешната претседателка, Весна Дамева.

Седницата следува по денешниот работен состанок на Советот на кој беше разгледана пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Дамева.

Управниот суд денеска ја објави пресудата во која меѓу другото е наведено дека Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот. ар/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан