Итен состанок на Советот за национална безбедност на Словенија поради ситуацијата во Италија
- Поради брзото ширење на коронавирусот во Италија, словенечките власти го свикаа Советот за национална безбедност, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 24 февруари 2020 (МИА) - Поради брзото ширење на коронавирусот во Италија, словенечките власти го свикаа Советот за национална безбедност, јави дописникот на МИА од Љубљана.
И покрај тоа што во Словенија се уште нема потврден случај на лице заболено со Ковид-19, здравствените власти сметаат дека е само прашање на време кога и кај нив ќе се појави вирусот, имајќи предвид дека голем број словенечки граѓани секојдневно патуваат и се враќаат од Италија.
Словенечкиот министер за здравство Алеш Шабедер изјави дека на состанокот ќе се направи план за преземање дополнителни мерки против евентуално ширење на вирусот и во Словенија. ав/гт/