Итен состанок на СБ на ОН поради ситуацијата на полско-белоруската граница
- Советот за безбедност на Обединети нации за утре закажа итен состанок за кризата со мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија

Њујорк, 10 ноември 2021 (МИА) - Советот за безбедност на Обединети нации за утре закажа итен состанок за кризата со мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија.
Средбата, на барање на Естонија, Франција и Ирска, ќе се одржи зад затворени врати.
Тензиите помеѓу Полска и Белорусија не се смируваат. Варшава денеска го обвини Минск за „државен тероризам“.
Околу 800 мигранти во придружба на белоруските служби вчера пристигнаа до полскиот граничниот премин Кужњица и се обидоа да се пробијат преку бодликавата жица во Полска, но беа запрени од кордон полицајци, кои употребија и солзавец. ми/