• понеделник, 23 декември 2024

Италија: 148 смртни случаи од коронавирусот

Италија: 148 смртни случаи од коронавирусот
Рим, 5 март 2020 (МИА) - Бројот на смртни случаи од епидемијата на коронавирус во Италија се зголеми за 41 лице во изминатите 24 часа и достигна 148, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита, додавајќи дека заразата и понатаму не покажува знаци на намалување. Вкупниот број на регистрирани случаи во оваа земја, која е најтешко погодена од новиот вирус во Европа, изнесува 3.858, што е за 767 лица повеќе од вчера. Заразата се појави пред 14 дена, главно во северниот дел на Италија, меѓутоа, моментно заболени лица има во сите 20 италијански региони. гт/

Остани поврзан