• четврток, 26 декември 2024

Италија е земја со најмногу 100-годишници во светот

Италија е земја со најмногу 100-годишници во светот

Рим, 7 јули 2023 (МИА) - Италијанскиот Национален завод за статистика денеска објави дека во земјата, бројот на луѓе на возраст од 100 години и повеќе, лани достигнал рекордно високо ниво.

Според податоците, стогодишниците на Апенинскиот Полуостров денес се трипати повеќе од почетокот на 21. век, па од јануари оваа година, тој број достигнал речиси 22.000 - повеќето се жени. И просечната возраст во Италија се зголемила од 45,7 години на 46,4 години, за времето од почетокот на 2020 до 2023 година. Тоа значи, просечната возраст на населението во оваа земја расте побрзо од просекот на Европската Унија.

На другата страна на демографската слика, податоците покажуваат дека раѓањата паднале на историски најниско ниво - 393.000 во 2022 година. Ова е најниската стапка на наталитет од обединувањето на Италија пред повеќе од 150 години.

Населението во земјата постојано се намалува од 2014 година, а поддршката и грижата за зголемениот број стари лица е еден од најголемите предизвици на Италија.

Заводот за статистика очекува населението со над 80 години да се зголеми за 35 отсто во споредба со 2021 година и да надмине осум милиони луѓе во 2041 година.  си/сд/

Остани поврзан