• вторник, 24 декември 2024

Италијанскот амбасадор Силвестри го посети Универзитетот „Мајка Тереза“

Италијанскот амбасадор Силвестри го посети Универзитетот „Мајка Тереза“
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Делегација на Амбасадата на Италија во Скопје, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри, денеска го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) во Скопје и имаше средба со ректорот проф. д-р Азиз Положани.
- За време на средбата, ректорот Положани го информираше амбасадорот Силвестри за активностите на УМТ воопшто, а особено за соработката со Италија, како што се двојната мастер студиска програма „Менаџмент на миграцијата“ со Универзитетот во Сасари, размената на студенти и професори во рамките на програмата „Еразмус плус“, како и наставата по италијански јазик како изборен предмет која се спроведува изминатите две години на Факултетот за социјални науки, соопшти УМТ.
Универзитетот посочува дека факултативното изучување на италијанскиот јазик почнало со професорот Едуардо Натале, кој ја имал првата група студенти на УМТ, и продолжило со професорката Маја Милевска-Кулевска.
Италијанскиот амбасадор се сретна со студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик и ја посети уметничката галерија „Омер Калеши“ која  функционира во рамките на УМТ,  а ректорот Положани му подари плакета во знак на благодарност за придонесот во развојот и афирмацијата на италијанскиот јазик на Универзитетот „Мајка Тереза“.
На средбата присуствуваа и заменик-амбасадорот Марио де Роса, лингвистот проф. Марко Пешетели и проректорот за образование на УМТ, проф. д-р. Зоран Трифунов. хс/дма/

Остани поврзан