Италијански земјоделци на трактори поминаа покрај Колосеумот
- По неколкунеделна мобилизација низ Италија, денеска земјоделците со трактори поминаа покрај Колосеумот, еден од најпознатите споменици во Рим.

Рим, 9 февруари 2024 (МИА) - По неколкунеделна мобилизација низ Италија, денеска земјоделците со трактори поминаа покрај Колосеумот, еден од најпознатите споменици во Рим.
Земјоделците поминуваа со трактори во боите на италијанското знаме - зелена, бела и црвена. Околу 300 трактори неколку дена беа на влезот во Рим и чекаа одобрение за пристап до центарот на градот.
Тие бараат средба со премиерката Џорџа Мелони, намалување на даноците, како и преиспитување на одредени европски еколошки стандарди, кои според нив влијаат на нивниот животен стандард.
Италијанските земјоделци се противат на одредени правила на ЕУ, но и кон производителите од Канада и Украина, кои ги сметаат за нелојална конкуренција.
Тие бараат и укинување на даноците за земјоделските горива и повисоки државни обесштетувања. паг/
Фото: Икс