• четврток, 26 декември 2024

Италијанскиот премиер побара единство од владините партнери за да остане на функцијата

Италијанскиот премиер побара единство од владините партнери за да остане на функцијата

Рим, 20 јули 2022 (МИА) - Италијанскиот премиер Марио Драги денеска во Парламентот побара единство од владините партнери, доколку сакаат тој да остане на функцијата, нагласувајќи дека опстанокот на широката владејачка коалиција е она што го бараат граѓаните.

Сенаторите денеска ќе разговараат за обраќањето на премиерот, а резултатот од нивното гласање ќе биде познат до вечерва, додека Долниот дом се очекува утре да одржи дебата за иднината на владата.

За време на говорот, Драги истакна голем број проблеми со кои моментално се соочува Италија, од војната во Украина до социјалната нееднаквост и зголемените цени, и рече дека политичките партии мора да застанат зад него ако сакаат да ја водат владата до изборите во првата половина од 2023 година.

„Дали партиите и вие пратениците сте подготвени да го обновите овој сојуз“, праша Драги за време на неговиот говор во Парламентот, истакнувајќи дека тоа го бараат граѓаните на Италија.

Сенаторите во Горниот дом од популистичкото Движење Пет ѕвезди, кое предизвика владина криза минатата недела, не аплаудираа на крајот од неговиот говор, ниту многу членови на десничарската партија Лига.

Драги понуди оставка минатата недела, откако Движењето Пет ѕвезди одби да ја поддржи владејачката коалиција при гласањето за доверба на Парламентот, но претседателот Серџо Матарела ја отфрли неговата оставка. паг/

Остани поврзан