Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје
- Началникот на ГШ на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, денеска престојува во еднодневна посета на Република Северна Македонија, во рамки на која во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Главни теми на средбата, како што е најавено, ќе бидат унапредувањето на билатералната воена соработка, соработката во мировните операции и безбедносни иницијативи, процесот на трансформација и опремувањето на Армијата, oбука и вежби, капацитетите на „АП Криволак“ и искуства од операциите предводени од НАТО. аа/лв/