• недела, 25 јануари 2026

Италијанецот Францони победи на спустот во Кицбил

Италијанецот Францони победи на спустот во Кицбил

 

Кицбил, 24 јануари 2026 (МИА) – Италијанецот Џовани Францони победи на денешниот спуст од Светскиот куп во алпско скијање на легендарната патека Штрајф во австриски Кицбил.

Францони ја мина патеката во должина од 3.312 метри за 1:52,31 минути, минувајќи прв низ целта со седум стотинки предност пред Швајцарецот Марко Одермат.

Третопласираниот Французин Максенс Музатон заостана 39 стотинки зад победникот.

Францони ја прослави својата втора победа во Светскиот куп на брзата патека Штрајф, откако минатата недела победи во супер-џи трката во Венген.

Францони, кој освои рекордна награда за победата од 101.000 евра (бруто), ја заврши швајцарската доминација во спуст по четирите победи во првите четири трки од сезоната.

Во пласманот во спуст, Одермат е прв со 480 бодови, а Швајцарецот го зголеми и своето водство во генералниот пласман со1.285 бодови. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан