• вторник, 24 декември 2024

Италијанецот Алесандро Чиочети именуван за нов главен секретар на ЕП

Италијанецот Алесандро Чиочети именуван за нов главен секретар на ЕП
Стразбур, 13 септември 2022 (МИА) - Италијанецот Алесандро Чиочети е именуван за нов главен секретар на Европскиот парламент (ЕП), а постапката според медиумите е изведена со контроверзна одлука. Чиочети на 1 јануари ќе го наследи Германецот Клаус Веле, кој на функцијата беше од 2009 година. Одлуката кој ќе ја добие оваа позиција, ја донесуваат 14 потпретседатели на ЕП и пет членови на советодавната канцеларија познати како квестори. По сослушувањето на четворицата кандидати, се одржа „внимателно разгледување“ и одлуката Чиочети да биде именуван, е донесена со „многу големо мнозинство“, се наведува во соопштението на ЕП, без да биде прецизирано кој гласал за него. Именувањето предизвика остри критики од Зелените и Социјалдемократите во Европската Унија. Според потпретседателката на ЕП, Хејди Хаутала од Зелените, избирачкиот процес е несоодветен, а секој кандидат се претставувал само десет минути. Чиочети сега е шеф на кабинетот на претседателката на ЕП, Роберта Мецола. бд/сд/

Остани поврзан