• понеделник, 23 декември 2024

Исјановски: Се чекаат насоки за вакцинацијата на хронично болните и старите луѓе

Исјановски: Се чекаат насоки за вакцинацијата на хронично болните и старите луѓе
Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Во Модуларната болница утре ќе се направи уште една обука на тимовите за спроведување на вакцинацијата. Конкретно, за кинеската вакцина за која сметам дека е многу квалитетна, има тимови кои со години тоа го работат. Имаме доволен број на кадар, но секој кадар е добредојден, изјави вечерва директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски. Тој во гостувањето на телевизија Телма прашан за искуствата во однос на несаканите ефекти од вакцината рече дека глобално, резултатите од вакцинирањето се добри. -Глобално резултатите се добри, речиси од сите вакцини што ги има на пазарот. Сега последно беше само со Астра-Зенека, но гледаме дека и СЗО го менува мислењето. Несаканите ефекти се мали во проценти затоа во согласност со Министерството за здравство секој оној кој ќе ја прими вакцината, во вакциналните пунктови мора да има прсотор каде ќе поседи извесен временски период и потоа ако е се во ред може да си замине дома, додаде Исјановски. Според него, Фајзеровата вакцина е малку потешка во однос на чување и транспорт, односно потребни се посебни услови. Кинеската, како што рече, е многу поедноставна, таа е со шприц и со игла веднаш се аплицира и се чува на температура од 2 до 8 степени, и ние располагаме со такви професионални медицински фрижидери. Исјановски посочи дека не се исклучува можноста да се отворат повеќе вакцинални пунктови, освен најавените три во Скопје, но се зависи од тоа колку граѓани ќе се пријават за вакцинација. Како што потенцира, само со позитивна кампања, вакцинацијата ќе оди во позитивна насока. Додаде дека ќе има и сертификат кој е се уште во изработка. Кога граѓаните ќе дојдат во вакциналните пунктови ќе им биде дадено картонче издадено од Министерството за здравство, каде ќе бидат внесени основни податоци на граѓаните, име, презиме, матичен број, адреса кога ја примил првата вакцина, потпис и печат од лекар што ја препишал, и кога потвторно треба лицето да се јави за вакцинација. Луѓето во домовите за стари лица ќе бидат вакцинирани со мобилни тимови, а насоките треба да ги даде Министерството за здравство. Исто така, тој посочи дека Министерството за здравство треба да излезе со соопштение каков е и дали има одреден ризик за вакцинирање на луѓе со одредени хронични болести. -Во договор со Министерството за здравство, најголемиот товар ќе го земе Здравствениот дом Скопје,во поглед на процесот на имунизација, кој ќе стартува со вакцинацијата во среда со здравствените работници. Во однос на вакцинирање на граѓани со хронични болести, Министерството треба да излезе со соопштение, затоа што вакцините секаде се исти. Да им се пренесат на граѓаните искуствата дали преку соопштение или на сајтот - дали претставува ризик вакцинирањето на одредени хронично болни граѓани, рече Исјановски.бт/са/        

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан