• сабота, 31 јануари 2026

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Берово, 28 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат Берово – Струмица, кој претходно беше целосно блокиран поради поголеми наноси од одрони, според информации од терен во моментов се одвива по една коловозна лента.

Како што информираа од ЈП „Македонијапат“, екипи за одржување на патот интервенираа и почнаа со расчистување на одроните.

-Во моментов, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Дел од одроните се веќе исчистени, а останатите ќе бидат отстранети во наредниот ден, информираа од претпријатието.

Возачите се повикуваат да возат внимателно и според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. вс/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан