• сабота, 23 ноември 2024

Исчистено Преспанското крајбрежје и дивите депонии во рамки на „Чиста Преспа, моја Преспа“

Исчистено Преспанското крајбрежје и дивите депонии во рамки на „Чиста Преспа, моја Преспа“
Ресен, 8 јули 2021 (МИА) – Жителите на Преспа, сплотени, потпомогнати од бизнис заедницата, војската, ренџерската служба, вработени во јавните претпријатија и здравствени установи, како и јавни личности, изминатиот месец активно работеа на чистење на Преспаснкото крајбрежје и дислоцирање на дивите депонии, во рамките на кампањата „Чиста Преспа, моја Преспа“. Во рамките на акцијата, како што информираа од Општина Ресен, биле исчистени плажите во Отешево, Сливница, Претор, Стење, патеката од туристичката населба Претор до Сливница, просторот околу болницата во Отешево, коритото на Голема Река, дворот на мониторинг станицата во Стење, депониите кај Коњско, Сливница, Царев Двор и Рудина... Целта на кампањата „Чиста Преспа, моја Преспа“, според градоначалникот Живко Гошаревски, беше да се исчисти Преспа и да ја оставиме чиста за идните генерации. - Го исполнивме ветувањето, дека за еден месец ќе ја ичистиме Преспа и ќе ја оставиме чиста за идните генерации. Остануваат уште некои делови за чистење, па затоа вработените во ЈП „Комуналец“ ќе продолжат во создавањето на почиста Преспа. Сега е време за убава туристичка сезона и потсетување на нашиот слоган „Ајдее заедно да ја направиме Преспа почиста, поубава и позелена“. Не заборавајте на овој слоган и практикувајте го секојдневно, порача Гошаревски. Во рамки на кампањата за чистење на Преспа, се одржаа и часови за едукација на најмладите во детските градинки и училиштата во Ресен, за селекција на отпад, заштита на животните, компостирање со цел подигање на јавната свест за заштита на природата.сс/фф/

Остани поврзан